Кавадарчанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат во домот од страна на три лица, информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Во ОВР Кавадарци, 26-годишниот Б.М. вчера пријавил дека претходната вечер, околу 22:45 часот, во домот бил нападнат од три лица на возраст од 45, 37 и 30 години, појасни Додевски.

Тој додаде дека по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.