Шестгодишно момче, неговата едногодишна сестра и 4-годишно девојче биле пронајдени мртви во замрзнувач во двор во Флорида, каде што братчето и сестрата живееле со нивната баба, а другото девојче со својата мајка.
Додека си играле, децата случајно останале затворени во замрзнувачот. Кога не можеле да ги најдат во куќата, жените тргнале да го пребаруваат дворот. На крајот ги пронашле децата мртви во неодамна купениот замрзнувач.
Замрзнувачот бил нов и сè уште не бил приклучен, неколку дена стоел надвор од куќата, во дворот Додека си играле, децата влегле внатре, но не можеле да го отворат. Жените повикале полиција и пожарникари. Кога го отвориле замрзнувачот затекнале ужасна глетка. Малечките лежеле еден преку друг во фрижидерот. Се задушиле зошто останале без воздух. Иако се обиделе да ги реанимираат, било предоцна.
Немам зборови за да опишам колку ни беа скршени срцата, изјавил за американските медиуми Сам Џон, шериф на округот Сувани.
Секогаш кога ќе видиме деца кои настрадале во вакви или слични несреќи, ни се крши парче од срцето. Ова не можам да ви го опишам со зборови. Единствено што може да направиме е да продолжиме понатаму, додал тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.