Од предпладнево од 10 часот пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Велес, работат на ликвидација на големиот шумски пожар кој од петокот од 13:10 часот, веќе трети ден беснее над железничката станица „Рајко Жинзифов” на теренот кој селото С`лп.
Како што информираат за МИА од ТППЕ Велес се очекува наскоро пожарот да биде целосно изгаснат.
Во овој голем шумски пожар во изминатите дена изгореа над 200 хектари ниско стеблеста дабова шума.
Поради пожарот кој е во близина на Велес, граѓаните го чувствуваат димот на изгорено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.