Физички е нападнат и ограбен 60-годишен таксист во населбата Света Недела во Штип. Таксистот случајот го пријавил синоќа во 20.00 часот во Полициската станица во Штип, каде што изјавил дека во нападот учествувале две лица.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова го потврди случајот, посочувајќи дека се работи на негово расчистување.
Претседателот на Здружението на такси -возачи од Штип, Глигорчо Арсов денеска рече дека ова е веќе трети случај на напад на такси-возач во овој реон на градот.
Во претходните два случаи такси-возачите добиваа закани и беа нападнати со камења, а во овој случај возачот е ограбен и е нападнат со нож.
Арсов најавува дека следен чекор ќе биде протест на такси компаниите, коишто се соочуваат со нападите на нивните возачи, а веќе во овој дел на градот имаат став дека ќе испраќаат помал број на возила, со цел поголема побезбедност на своите вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.