Вчера во 16.55 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на влезот во село Дреново, во нива, до трактор „ИМТ 539“, бил пронајден починат И.Ј.(72) од село Дреново.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина Скопје.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.