Едно лице е повредено во сообраќајната незгода што се случила вчера околу 10.00 часот.

Во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од ул.„Браќа Кошулчеви“ и ул.„Кирил и Методиј“ во Велес, З.П. (63) од Велес управувајќи трактор „имт“ со приколка со велешки регистарски ознаки изгубил контрола и удрил во ѕид.

Во незгодата, сопатникот Г.Ц.(59) од Велес се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.