Вчера претпладне во Полициската станица Кочани било пријавено дека на некатегоризиран пат од правец на с. Зрновци кон браната „Зрновска река“, поточно кај местото викано „Бузовачки дол“, атар на с. Зрновци, поради лизгање на земјиште од патот дошло до превртување на трактор со приколка, управуван од Ѓ.С. (38) од с. Зрновци.

Притоа, Ѓ.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кочани, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.