Вчера околу 18 часот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, кај влез за с. Дебреште, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од О.М. (39) од с. Дебреште и товарно возило „Сканија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (33) од Крушево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, а со телесни повреди се здобила сопатничката О.С. (39) од с. Дебреште, кои биле пренесени во болницата во Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.