Во комплексот „Арабати Баба Теќе“ во Тетово вчера е најдено безживотно тело во внатрешноста на трансформатор за електрична енергија. Телото околу 16:45 часот го нашол чуварот по што се јавил во тетовската полиција.
Вчера во 16 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека во електричен трансформатор поставен во комплексот „Арабати Баба Теќе“ во Тетово, без знаци за живот бил пронајден 38-годишниот тетовец А.У. Го пронашол и случајот го пријавил чуварот на комплексот, по што Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По наредба на Јавниот обвинител тело на починатиот било предадено на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.