Маж починал во пожар во сопствениот дом во Скопје. Како што информира МВР, вчера во 20:20 часот на улица “1” во село Сопиште, скопско настанал пожар во куќа, по што опожарени биле две соби, a во една од собите било пронајдено телото на 70-годишниот П.С. кој подолг период бил неподвижен. Починатиот живеел со неговиот син, кој во моментот на пожарот не бил дома. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Од страна на екипа на Противпожарна единица пожарот е изгаснат. Увид се врши во текот на денешниот ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.