Трагедија се случи попладнево во комплексот на Фудбалската федерација на Македонија, откако паднал кранот на кој што бел качен работник задолжен за одржување на хигиената на прозорците од зградата. Работникот починал на лице место.

Нешто околу 16 часот силен тресок ги вознемирило вработените во ФФМ кога кранот кој што припаѓа на надворешна фирма паднал накај паркингот за вработените и го усмртил работникот кој во тоа време бил качен на него и ги извршувал работните задачи (миење на прозорци). Веднаш била повикана Брза помош, но лекарите само констатирале смрт.

(Извор – Спорт1.мк)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.