Убиство и самоубиство се случиле попладнево во Битола кога по расправија, маж ја застрелал својата сопруга по што си го одземал животот.

Обвинителството информира дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола извршил увид во стан на улицата „Климент Охридски“ во Битола, каде попладнево беа пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.

Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место. По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција, соопшти обвинителството.

Како што јавија дел од домашните портали, околу 14 часот во СВР-Битола било пријавено дека на ул. Климент Охридски, С.Ѓ. по претходна меѓусебна расправија извршил убиство на неговата сопруга.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.