Товарно возило удри во дете велосипедист, хоспитализирано со тешки повреди

Црна хроника 13.03.2020 / 11:19

Сообраќајна несреќа во која е повреден малолетник се случила вчера во 15.20 часот на крстосницата од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„9“ во с.Мирковци.

Од МВР информираат дека товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(57) од Велес, удрило во велосипед управуван од 15-годишен малолетник од Скопје.

Во незгодата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.