Обвинетиот поранешен градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, се појави на денешното рочиште за случајот „ТНТ“, каде е обвинет за незаконско уривање на објектот „Космос” на бизнисменот Фијат Цановски. Откако Трајковски беше претепан му беше загрозена и здравствената сотојба, поради што имаше и неколку одлагања на ова судење. Но денеска пред судијата Огнен Ставрев Трајковски кажа дека здравјето му се подобрува, иако сè уште не е во добра состојба.
Полека полека се подобрува ситуацијата. Не сум како што треба. Сè уште имам боледување од комисијата, но ќе го следам рочиштето за да не се одлага. Во ваква ситуација не би сакал никој да се најде, а беше нешто ново за мене – рече Трајковски.
„Добро изгледате”, му рече судијата Ставрев, на што, Трајковски одговори со: „Ви благодарам на комплиментот”.
Адвокатот Мерџан Даути, бранител на Елисавета Најдовска, побара превод на албански јазик на сите докази доставени до судот.
Судијата објасни дека на сите рочишта ќе има симултан превод, а листата на докази ќе ја добие преведена на албански.
Во предметот „ТНТ“ обвинети се поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот премиер, Никола Груевски. Првото рочиште се одржа на 24.1.2018 година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет, процесот се врати од почеток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.