Тони Јакимовски, обвинет во случајот „Спец каса“, по една година помината зад решетни излезе од притвор. Од Кривичниот суд за „Фокус“ потврдуваат дека Јакимовски се брани од слобода од 11 февруари.

Одлуката за замена на притворот со гаранција ја донел Кривичен совет на Основниот суд Скопје 1, а на Јакимовски му се изречени мерки на претпазливост, односно одземен му е пасошот  и има обврска еднаш во неделата да се јавува во судот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.