Ако ова не е емулација на политичарите, тогаш не знам што е, коментира аналитичарот Ивор Мицковски за веста дека десет вработени во Македонски пошти украле 25 илјади евра од сметките на граѓаните.

25 илјади се сума што е кикирика за кражбите и преварите на нашите политичари, па Мира Дизел сама толку нè кине годишно.
Тоа што е страшно е што овие дечки, го научиле токму тоа од оваа власт и политичари.
Тука има и нешто средновечни, и нешто млади дечки, и сите се ставиле во погон, ко една глава со една мисла: да искористат државна институција за да украдат пари директно од граѓаните.
Не, овие не личи дека краделе за партија, овие само ги имитирале.
Па ако ова не е емулација на политичарите, тогаш не знам што е, коментира тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.