Поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски денеска не се појави на рочиштето за случајот „ТНТ“. Нему му е одредена самоизолација откако бил во контакт со негова братучетка која била позитивна на ковид-19.

Трајковски ќе биде во изолација до 22 ноември. Поради тоа денешното рочиште се одложи и судијата го закажа за 26 ноември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.