Денешното рочиште за судењето за уривањето на комплексот Космос на инвеститорот Фијат Цановски „ТНТ” по неколку часа препирања, е одложено за утре.

Претходно, откако адвокатите на обвинетите, Боро Тасевски, Мерџан Даути и Дончо Наков, не се појавија на судење, судијата им определи адвокати по службена должност.

Адвокатката Иванка Јакимовска која беше поставена да го брани обвинетиот Тони Трајковски, побара судењето да се одложи бидејќи според неа, некоректно е да брани клиент, а да не го знае предметот.

Судот го прифати барањето и утре одбрана треба да даде обвинетиот Миле Јанакиески.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.