Сообраќајна несреќа во која се повредени две лица се случила вчера околу 8:50 часот во липковско Оризаре на регионалниот пат Липково – Куманово.
Несреќата се случила кога Е.Е.(19) од с.Отља, општина Липково, управувајќи „Даихатсу“, со кумановски регистарски ознаки, удрила во пешакот А.Р.(23) од с.Лојане, општина Липково.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобил Ј.Е., сопатник во возилото. Тие биле пренесени во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.