Вчераутро на крстосница од улиците „Партизанска“ и „Ванчо Китанов“ во Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.П. (19) од с. Таринци, општина Карбинци, удрило во пешакот М.М. (59) од Штип.

М.М. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Штип.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.