Малолетник е тешко повреден откако во него удрил тинејџер со возило марка „опел“.

-Вчера околу 20.00 часот на ул.„Христо Узунов“ во Виница, патничко моторно возило „опел агила“ со винички регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(19) од Виница, удрило во малолетен пешак од Виница. Пешакот бил пренесен во Јавна здравствена установа Кочани каде му биле констатирани тешки телесни поврди, велат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Виница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.