Во текот на изминатата недела СВР Куманово преземаше мерки и реализираше повеќе кривични дела „тешки кражби“ од куќи и станови.
На 12 февруари, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на Р.М.(47) од Куманово, при што се пронајдени и одземени електричен шпорет и машина за перење, додека од неговиот 16-годишен син одземени се 20 пара машки и женски обувки.
Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“ од слобода е лишен 16-годишникот, во присуство на неговата мајка.
Истиот ден бил извршен претрес и во домот на И.З.(31) од Куманово, при се пронајдени и одземени неколку електрични апарати за домаќинство и повеќе други предмети за домаќинство.
По целосно документирање и расчистување на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.