Пет лица се повредени откако вчета околу 17.40 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, патничко возило „пежо“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 16-годишен малолетник од Струмица, излетало надвор од патот.
Во незгодата, сопатниците А.О.(20) и 13-годишен малолетник, двајцата од Струмица, се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот и уште двајца малолетни сопатници, на возраст од 14 и 15 години, двајцата од Струмица, се здобиле со телесни повреди.
Тие биле пренесени во Клинички центар Штип за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Радовиш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.