Четири лица се тешко повредени во физичка пресметка која се случи во Ресен пред една кафеана, пишува ТВ21.

Со две возила на Итната медицинска помош од Ресен се префрлени четири лица во Клиничкиот центар во Битола каде се хоспитализирани.

Тројца од повредените имаат убоди од нож, а еден е префрлен на неврохирургија и има повреди на главата.

Сите четири лица се албански државјани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.