Жител на Тетово е приведен во полициска станица откако нападнал полицаец.

Вчера околу 16.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 71-годишниот тетовец С.М., кој се однесувал агресивно и физички нападнал еден од нив – информираат од МВР.

Како што велат од полицијата, човекот бил задржан во полициската станица за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.