ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Р.(51) од Тетово, државен инспектор за животна средина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ и против С.А.(40) од тетовското село Фалише поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

На 22.04.2021, соопштија денеска од МВР, А.Р., вршејќи службена должност во Кичево, од сопственик на правен субјект во Кичево, побарал и добил 200 евра, со цел да му изготви записник за инспекциски надзор во фирмата во кој ќе констатира дека нема неправилности во нејзиното работење.

Второпријавениот, во просториите на неговата фирма со седиште во Кичево, наведуваат од МВР, му овозможил на А.Р. да ги земе парите од поткупот по што ги скрил во својата канцеларија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.