Вчера во периодот од 13.30 до 15.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на К.Н. (64) во село Глоѓи, тетовско. При претресот биле пронајдени и одземени 185 куршуми за пиштол калибар 7,62 милиметри и 40, исто така куршуми за пиштол, калибар 6,35 милиметри, за кои К.Н. не поседувал соодветна документација.

К.Н. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.