Утрово околу 06.30 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека во месноста „Бањиче“ во Тетово имало паднато машко лице облеано во крв.

По преземени мерки лицето е идентификувано и се работи за С.М.(25) од Тетово.

Поради сериозноста на повредите тој бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.