Ноќеска околу 03 часот во Полициската станица Тетово, А.И. (24) и А.С. (22) од Тетово пријавиле дека околу 02 часот, откако излегле од дискотека лоцирана на ул.„Маршал Тито“, се упатиле кон нивните возила кои биле паркирани на истата улица.
Пред нивните возила било паркирано друго возило, од кое не можеле да заминат. По кратко време дошол И.И. (39) од с. Мала Речица и почнале расправија околу паркирањето. И.И. им се заканил со пиштол. По преземени мерки, И.И. е лишен од слобода.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.