СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Х. (32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Тетовецот, кој живее и работи во странство, му ветил на жител на Доброште дека ќе му изработи стаклена ограда на скалите, земал капар за работата, по што исчезнал

На 28.05.2021, Р.Х.(42) од с.Доброште, тетовско, со привремена работа надвор од земјава, преку социјалните мрежи се договорил со пријавениот, сопственик на браварска фирма, за сума од 1600 евра да му изработи и монтира стаклена ограда за скалите во куќата, по што братот на Р.Х. му дал капар на А.Х.. До 30.06.2021, пријавениот не се јавувал на телефон, не ја завршил работата, ниту пак му ги вратил парите кои му биле дадени како капар – информираат од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.