Синоќа околу 23 часот полициски службеници на СВР Тетово во село Горно Седларце, тетовско, го привеле Х.А. (21) од Тетово, поради тоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое тој го управувал, била пронајдена марихуана.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера попладне пак, полициски службеници од СВР Скопје на бул. „АСНОМ“ го привеле П.П. (24) од Охрид, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.