Жител на Тетово е приведен за да биде однесен во затвор како осуден за кривичното дело „непостапување според здравствени прописи во време на епидемија“. Тој вчера во градот бил приведен за издржување на затворската казна.

Околу 12 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 50-годишниот тетовец С.Ј., осуден на затворска казна за „непостапување според здравствени прописи за време на пандемија“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По кусото задржување во Полициската станица Тетово, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ за издржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.