Полициски службеници од СВР Тетово денеска од 7 до 13 часот, во рамки на засилената акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, санкционираа 69 возачи.

Од нив, 36 се на територија на Тетово, а 33 на територија на Гостивар. Од санкционираните возачи, 52 возеле со брзина 50 километри на час поголема од  дозволената, а 7 возачи дури со 70 километри на час над дозволеното.

СВР Тетово соопшто дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.