Сефер Насуфи е лицето кое денес беше уапсено од полицијата во  Струга, пренесува Алсат-М.

Во медиумите беше објавено дека Насуфи е еден од најголемите рекетари во Струга.

Инаку, Сефер Насуфи е брат на Бардил Насуфи кој е еден од новите директори во бордот на Телеком, пишува Тетова Сот.

Од МВР информираат дека полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделот за специјални полициски операции на 04.11.2020 во 16.45 часот во близина на хотел во Струга го привеле С.Н. (43) од село Велешта, насилник кој во неколку наврати од сопственици на угостителски објекти изнудувал пари.

По преземени мерки и активности, С.Н. бил забележан во близина на хотел во возило „џип“ и лишен од слобода, а при претресот е пронајден пиштол со пет куршуми. С.Н. е приведен во ПС Струга и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.