Вчеравечер во 20.30 часот било пријавено дека во с.Банско, струмичко, моторцикл „хусун“, без регистарски ознаки, управуван од Ш.И.(29) од с.Банско удрил во девојче пешак на возраст од пет години од с.Банско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило девојчето, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, каде било пренесено за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.