Малолетно девојче, пешак, е тешко повредено во судир помеѓу две возила на паркинг во Аеродром.
Несреќата се случила вчеравечер околу 22 часот на паркинг на булеварот „АСНОМ“. Како што соопшти СВР Скопје, во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(34) од с.Сингелиќ-скопско и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(50) од Скопје. При тоа било удрено малолетно лице (пешак) од Скопје, кое е пренесено во ГОБ „Св. Наум Охрдиски“, каде ѝ се констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.