Дете е тешко повредено откако вчера околу 15.30 часот на ул.„Благоја Стефковски“ во него удрило патничко возило.

Како што соопшти МВР, „киа сид“, со скопски регистарски ознаки управувано од Е.С.(36) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.