Синоќа во 18,45 минути на улица „Ѓорѓи Димитров“ во Велес, 12-годишно дете паднало од велосипед и се здобило со отворена повреда на глава, по што од медицинската екипа на Службата за брза помош и во безсознание било транспортирано на хирушкиот оддел при велешката болница за понатамошно иследување.

Детето со повреди на главата кое е интубирано и во тешка општа состојба и во безсознание, е пратено на понатамошно лекување во Клиниката Карил во Скопје – информира портпаролот на ЈЗУ Општа болница, д-р Елеонора Јованова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.