Десетгодишно дете е тешко повредено откако вчера во 14:40 часот на улица „АСНОМ“ во Штип во него удрилло патничко моторно возило „фолксваген паран“ управувано од Б.Н. (19) од Штип.

Десетгодишното дете управувало велосипед-трицикл.

Детето е пренесено во Клиничка болница Штип каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.