Две лица се тешко повредени во сообраќајката што се случила вчеравечер околу 21.15 часот на локалниот пат село Барово-с.Света Петка, скопско.

До несреќата дошло кога патничко моторно возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(45) од с.Света Петка, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Р.Р.(24) и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.