Скопјанка е тешко повредена во вчерашниот судир на возило и автобус во скопската населба Геге.

Како што соопшти МВР, на ул.„Новоселски пат“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(72) од Скопје и автобус „евробус“, со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(35) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото П.С.(71) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.