79-годишна жена е тешко повредена откако вчера околу 10.45 часот на паркинг пред зградата на Општина Ресен, на ул.„Илинденска“, врз неа налета автомобил.

Како што соопшти МВР, патничко возило „фолксваген каравела“, со велешки регистарски ознаки, управувано од М.А.(41) од Велес удрило во пешак М.Ќ.(79) од Ресен.

По незгодата М.Ќ. била пренесена во Здравствен дом Ресен, каде од лекар ѝ била констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Ресен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.