Седумдесет и осумгодишна скопјанка, вчера била тешко повредена во сообарќајна несреќа што се случила на бул.„Партизански одреди“ во Скопје.

Несреќата се случила кога патничко моторно возило „пежо боксер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(26), удрило во Н.К., пешак и го напуштило местото, но подоцна било пронајдено.

Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила во 10.15 часот, а повредената била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.