Едно лице е тешко повредено во сообраќајната незгода што се случила вчера во 14.25 часот на патот Битола – Ресен, пред Ротинска крстосница.
Како што соопшти МВР, А.З.(29) од Битола која управувала патничко возило „сеат ибица“, со битолски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од коловозот.
Во незгодата А.З. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.