Петнаесетгодишно девојче е тешко повредено во судирот што се случил вчера околу 17 часот. Како што соопшти МВР с.Стар Караорман, штипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „цитроен берлинго“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М.(69) од Штип и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 15-годишна малолетничка од с.Таринци, општина Карбинци.

Во незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.