Вчера во 09.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека при експлозија на плинска боца, настанал пожар во куќата на 74-годишниот М.Х., на ул.„146“ во Тетово.
Како што сооптши денеска МВР, М.Х. обидувајќи се самиот да го изгасне пожарот, се здобил со повреди на лицето и рацете, по што бил префрлен во Клиничка болница Тетово.
Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот бил целосно изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.