Едно лице потешко, а едно е полесно повредено во сообраќајката што се сличила вчера на магистралниот пат Делчево-Штип, во близина на Подлошка крстосница.
Сообраќајната незгода, како што информира МВР, се случила помеѓу патничко моторно возило „сеат“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од В.Н.(42) од с.Амзабегово, патничко моторно возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(35) од с.Стар Караорман, патничко моторно возило „туран“ со струмички регистарски ознаки управувано од Д.Ј.(66) од Виница и патничко моторно возило „туран“ со кочански регистарски ознаки управувано од Б.А.(51) од Кочани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „сеат“ П.Н., а со телесни повреди се здобил возачот Б.А. по што биле пренесени во ЈЗУ Кочани за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.