Дваесет и седумгодишен скопјанец со мотор „Сузуки“ се излизгал возејќи кон браната Козјак, по што добил сериозни повреди.

На 27.08.2021 околу 18,00 часот на регионален пат Скопје- ХЕЦ Козјак Б.А. (27) од Скопје управувајќи мотоцикл „сузуки 750“ со скопски регистарски ознаки паднал на коловозот. По незгодата Б.А. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје – соопштија од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.