Вчера во 10,30 часот на ул.„3-та Македонска ударна бригада“ во Куманово, додека Б.А. (31) од Куманово , вработен во приватна фирма, работел на објект во еден момент од засега непознати причини се лизнал и паднал од први кат на објектот при што се здобил со тешки телесни повреди.
Истиот бил пренесен во Општата болница Куманово, од каде, заради тежината на повредите бил префрлен во Ургентен центар во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.