Пешак е тешко повреден во несреќата што се случи вчера наутро во 06:30 часот на кванташки пазар во Струмица.
Како што соопшти МВР, патничко моторно возило „мазда 3“ со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од К.Н.(45) од село Миравци-гевгелиско, удрило во пешак В.Џ.(57) од село Стојаково.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.